СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ ЗА ЈУВЕНТУС

Алекс Сандро „бега" во Челзи?!

Пред некој ден и Дани Алвеш најави „интерес" за заминување на Торино.

објавено: 18 јуни 2017 - 11:57

Што се случува во Јувентус?

Во годината во која беа најблиску до „триплета", италијанскиот шампион, особено по загубата во финалето на Лигата на Шампионите, се соочува со сериозни проблеми.
Пред се поради најавените заминувања на дел од стандардните првотимци.
Ако пред некој дена весниците во Торино, но и во цела Италија пишуваа за желбата на Дани Алвеш да си замине од редовите на „црно-белите", сега стигнува уште една.
Ја испраќа и вториот Бразилец во четата на Макс Алегри, Алекс Сандро.


За што всушност станува збор?
Менаџерот на Челзи, Антонио Конте испрати(л) понуда до клубот каде беше пред неколку сезони, а во која се вели дека „сините" се подготвени да платат цели 60. милиони евра за да го добијат потписот на Сандро.
Но таа понуда, која и не е така лоша за еден лев бек, „бјанконерите" веднаш ја отфрлиле, што предизвикало нервоза кај нивниот стандарден првотимец во оваа сезона.
Во истиот момент Сандро побарал да биде ставен на трансфер листата, секако со една цел, да замине во клубот од „Стемфорд Бриџ", од каде наводно, му понудиле договор на пет години и плата од пет милиони евра.
Многу поголема спрема оние 2.2 милиони кои ги добија во Јувентус.
Доколку се најде некое заедничко решение, во тој случај „Старата дама" би имала и сериозен профит. Особено ако се земе в предвид дека пред две годни на Порто му исплати „само" 24. милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал