СЕПАК, ИМАЛО СПРОТИВСТАВЕНИ МИСЛЕЊА КАЈ ШАМПИОНИТЕ

АС открива: Кои си причините поради кои Зизу си замина од Реал?

Заминувањето на Зинедин Зидан од „кралскиот клуб" и понатаму е централна тема, а медиумите шпекулираат што го натерало Французинот да поднесе оставка само пет дена по освојувањето на третата по ред титула во Лигата на шампионите.

објавено: 1 јуни 2018 - 13:00

Шпанскиот „АС" пренесува дека 45 годишниот тренер, кој имал договор до 2020, бил загрижен поради неизвесноста на останувањето на Кристијано Роналдо и Герет Бејл во клубот.

Исто така, не се согласувал со претседателот на клубот Флорентино Перез за онаа трансфер-политика.
Раководството на Реал веќе некое време се обидува да потпише договор со голманот на Атлетико од Билбао, Кеп Аризабалага, иако Зидан му даде јавна подршка на актуелниот, Кејлор Навас.

Исто така Перез има намера да го ангажира Роберт Левандовски и Нејмар, а сега веќе поранешниот тренер на Реал смета дека фудбалерите на Баерн и на ПСЖ не му се неопходни на неговиот тим.
На крајот, Зидан не ја почувствувал подршката на раководството на клубот од „Бернабеу" во тешките моменти за тимот.
Како на пример се наведува средината на минатата сезона која медиумите пишуваа за евентуално доаѓање на Јоаким Лев или Маурицио Покетино на „Сантјаго Бернабеу", а во таа прилика францускиот тренер останаал без соодветна подрша.
Реал ја заврши оваа сезона со победа против Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите во Киев. А Зидан си замина од клубот со девет освоени трофеи за помалку од две и пол години поминати на кормилото на најголемиот клуб на светот.

Најново во Меѓународен Фудбал