ПОВТОРНО ПОЛЕМИКА, СУДИИТЕ НА СТРАНА НА РЕАЛ

„АС" ТВРДИ: Баерн е оштетeн за два пенали во Мадрид

Турскиот судија Џунејт Чакир два пати требаше да покаже на белата точка во корист на Баер во реванш-дуелот од полуфиналето на Лигата на Шампионите со мадридски Реал, тврди судискиот експерт на „Ас", Итуралде Гонсалес.

објавено: 2 мај 2018 - 08:00

Со вкупен резултат (4:3), кралскиот клуб се пласираше во големото финале на елитното европско натпреварување, затоа што после триумфот во Минхе (2:1), на реваншот во Мадрид играше нерешено (2:2).
Двоен стрелец за мадрдистите беше Карим Бензема, додека головите за Баерн ги реализираа Џошуа Кимих и Хамес Родригез.
По сето прикажано на „Санјтаго Бернабеу", гостите од Минхем можеа и да победат, но на голот на Реал беше скоро несовладливиот Кејлор Навас.

Но шпанскиот весник „Ас", односно судискиот експер Итуралде Гонсалес, тврди дека во оваа прилика баварците биле и тоа како оштетени, затоа што главниот судија на средбата, Турчинот Џунејт Чакир во два наврати не досуди пенал, иако требало.
Во првата ситуација Марсело играше со рака после центаршутот на Кимих во продолжението од првото полувреме. А во 52.минута од играта, капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, го собори Роберт Левандовски во казнениот простор.
Првиот спорен момент се случи при резултат (1:1), а вториот кога Реал водеше со (2:1)

Најново во Меѓународен Фудбал