Дуел на европските гиганти

Баерн без Левандовски бара рецепт за победа против Реал Мадрид

Баерн и Реал Мадрид ќе го играат второто дерби во четвртфиналните натпревари во Лигата на ш-ампионите, а дуелот на европските гиганти ќе мине без еден од најдобрите стрелци Роберт Левандовски

објавено: 12 април 2017 - 19:59

Баерн и Реал Мадрид ќе го играат второто дерби во четвртфиналните натпревари во Лигата на ш-ампионите, а дуелот на европските гиганти ќе мине без еден од најдобрите стрелци Роберт Левандовски.

Опасниот шпиц на Баерн е повреден и го нема во составот на Баварците, што е шанса за Реал за добар резултат во Минхен. Мечот ќе почне во 20,45 часот.

Стартни состави:

БАЕРН: Нојер, Лам, Мартинез, Боатенг, Алаба, Чаби Алонсо, Тијаго, Видал, Рибери, Робен, Милер.

РЕАЛ.: Навас, Карвахал, Начо, Рамос, Марсело, Касемиро, Крос, Модриќ, Бејл, Бензема, Роналдо.

Во сенка на дербито ќе се игра и првиот четвртфинален меч во Мадрид меѓу Атлетико и Лестер.

Стартни состави:

АТЛЕТИКО: Облак, Хуанфран, Годин, Савиќ, Филипе Луис, Габи, Коке, Саул, Караско, Гризман, Торес.

ЛЕСТЕР: Шмајхел, Симпсон, Беналуан, Хут, Фукс, Дринковотер, Ндиди, Олрбајтон, Махрез, Оказаки, Варди.

Најново во Меѓународен Фудбал