ПО ОДИГРАНИТЕ МЕЧЕВИ ВО 4. КОЛО ОД ЕЛИТНАТА ЛИГА

Баерн и ПСЖ се првите осминафиналисти во ЛШ

објавено: 31 октомври 2017 - 22:46

Како што се очекуваше тоа и се случи, по само четири одиграни кола, во Б групата од Лигата на шампионите. Баерн Минхен и Пари Сен Жермен се сигурни патници во осминафиналето од елитната лига на УЕФА. ПСЖ има максимални 12 бода, откако убедливо со 5:0 го победи Андерлехт, додека Баерн со победата на гости кај Селтик од 2:1, сигурно ќе биде најмалку втор на крајот.  

Рома го понижи Челзи победувајќи го убедливо со 3:0 во дуелот кој требаше да биде дерби од 4. коло во Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед не дозволи изненадување и славеше против Бенфика со 2:0. 

Атлетико разочаран и на свој терен одигра само 1:1 против Карабах. и вториот шпански тим, Барселона одигра нерешено и тоа на гости кај Олимпијакос, без голови. 

Сите најинтересни моменти од вечерашните мечеви ги има тука.

 Резултати: Рома - Челзи 3:0, Атлетико М. - Карабах 1:1, Базел - ЦСКА 1:2, Селтик - Баерн М. 1:2, Манчестер Ј. - Бенфика 2:0, Олимпијакос - Барселона 0:0, ПСЖ - Алдерлент 5:0, Спортинг - Јувентус 1:1.

Најново во Меѓународен Фудбал