Јувентус и Монако во друштво на двоецот од Мадрид

Барселона без муниција 3 часа, „Старата дама“ го преброди искушението на „Камп Ноу“, полуфинале во ЛШ и за Монако

Една од најефикасните екипи во Европа, барселона остана без мунција и без гол на двата дуели со Јувентус, што и донесе полуфинале во Лигата на шампионите на „Старата дама“ од Торино, заедно со Монако, кој вечерва по вторпат ја победи Борусија Дортмунд и се најде во квартетот најдобри екипи во Европа со мадридскиот двоец Реал и Атлетико

објавено: 19 април 2017 - 22:42

Една од најефикасните екипи во Европа, барселона остана без мунција и без гол на двата дуели со Јувентус, што и донесе полуфинале во Лигата на шампионите на „Старата дама" од Торино, заедно со Монако, кој вечерва по вторпат ја победи Борусија Дортмунд и се најде во квартетот најдобри екипи во Европа со мадридскиот двоец Реал и Атлетико.

Барселона најавуваше нов подвиг по чудесната елимианција на Пари сен Жермен во претходната рунда, но Јувентус покажа калибар и квалитет што е многу поцврст и посилен од францускиот тим. И со реми без голови успеа да ја одбрани предноста од 3:0 од првиот меч во Торино.

Каталонскиот гигант ја имаше доминацијата, но не успеа да ја погодси мрежата на Џиџи Буфон, кој не е совладан во ЛШ на последните 4 натпревари.

Во Монако повторно имаше голови, а домаќините вторпат славеа против Борусија Дортмунд, овојпат со 3:1,па со вкупен резултат од 6:3 се пласира во полуфиналето на ЛШ. Килијан Мбапе повторно беше во главната улога, го посњтигна првиот погодоки во третата минута, со што го комплетира извонредниот учинок од три погодоци на двата меча. Фалкао зголоеми на 2:0, а надеж за подвиг на „милионерите“ од Дортмунд им даде голот на Ројс во 48. минута. Сепак домаќините постигнаа уште еден погодок, дело на Жермен, за нова победа во двомечот со Борусија.

Претходно Реал Мадрид го елиминира Баерн, а Атлетико беше подобар во двомечот со Лестер. Ждрепката за полуфиналните двојки е закажан за утре.

Најново во Меѓународен Фудбал