СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СТАТИСТИКА ТВРДИ

Барселона и Баерн ќе играат во осминафиналето на ЛШ!?

Ждрепката за елитната европска лига ќе биде на 12 декември. Најдобрите 16 клубови останаа во трка за големиот сребрен трофеј 

објавено: 8 декември 2016 - 19:40

Мечевите од групната фаза во Лигата на шампионите завршија синоќа. Со тие средби се комплетираа шесте кола во осумте групи. Во елитната европска лига останаа само уште најдобрите 16 клубови, кои борбата за трофејот ќе ја продолжат следната година и тоа во февруари. За тогаш се закажани средбите од осминафиналето.

Европската фудбалска куќа сега треба да ги одреди паровите за нокаут фазата. Според системот, не може меѓусебе да се паднат екипи кои доаѓаат од иста земја, како и клубови кои играле во групната фаза. Во осминафиналето е полуфиригирана ждрепка, бидејќи оние кои завршија како првопласирани во групите, ќе играат со тим кој завршил на второто место во својата група.

Иако ждрепката е в понеделник, многумина уште од сега започнаа да се занимаваат со калкулации кој против кого може да падне во осминафиналето. Извесен Мистер Чип, направил пресметка, кој против кого има најголеми шанси да се падне.

Според тие пресметки, најинтересен дуел во првата фаза од нокаут системот во ЛШ ќе биде пресметката меѓу Барселона и Баерн Минхен. Веројатноста покажала дека некогашните европски и светски прваци имаат 22,5 отсто шанси да се паднат меѓусебе на понеделничката ждрепка.

Барселона заврши како прва во својата група, а Баерн е второпласиран. Каталонскиот гигант не може да се падне против Реал Мадрид и Севилја кои беа втори, бидејќи се земји од Шпанија, како и против Манечстер Сити кој беше нивни ривал во групната фаза. За Барса како опции остануваат Баерн, Бенфика, ПСЖ, Порто и Баер Леверкузен. 

Пресметките покажале дека голема веројатност и да има и дерби дуели меѓу Манчестер Сити - Борусија Дортмунд (24,25 отсто), или Манчестер Сити - Атлетико Мадрид (25,37 отсто)

Најново во Меѓународен Фудбал