КОЛЕГИТЕ ОД ЈУВЕНТУС НЕ СЕ ПРЕМНОГУ ЗАСЕКИРАНИ

БАРЗАЉИ: Па Бонучи не е како Меси, Роналдо или Марадона!

Стоперот на Јувентус вели дека е хендикеп што Леонардо Бонучи го напушти клубот, но и дека тоа не е трагедија...

објавено: 19 август 2017 - 18:15

Леонардо Бонучи си замина во Милан, и го растури големото дефанзивно трио на Јувентус во кое останаа само уште Џорџо Кјелини и Андреа Барзаљи.

Но токму за Барзаљи, тоа и нема да биде, т.е. не е трагедија за клуб како што е Јувентус.
Пред стартот на новата сезона во која Јуве почнува против Каљари, стоперот на „Старата дама" има свое размислување на таа тема.

„Бонучи и Алвес, двајцата фудбалери кои си заминаа, беа многу важни за тимот. Бонучи беше седум години во Јуве. Сепак. Во составот се 23. Играчи, од нив 11 се на теренот, и никој никогаш не направил таква дестабилизација и правел толкава разлика. Можеби освен Марадона, можеби Меси или Роналдо. Еден или двајца играчи не можат да ја изместат рамнотежата. А ние мораме да влеземе во сезоната со вистински менталитет"- изјави 36 годишниот дефанзивец на Јувентус.

После препирката со тренерот Макс Алегри во текот на минатата сезона, за сума од 42 милиони евра Леонардо Бонучи се пресели во Милан, што предизвика големи реакции во Торино.
Но евидентно е дека неговите довчерашни соиграчи не се толку „засекирани" што останаа без помошта од еден таков играч.

Најново во Меѓународен Фудбал