Повеќе ништо не зависи од Баерн Минхен

Баварската машинерија „зариба“ на -5 (ВИДЕО)

Германскиот шампион на гостувањето кај Ростов беше поразен со 3:2, резултат кој на крајот може скапо да го чини.

објавено: 23 ноември 2016 - 20:11

Баерн Минхен повеќе не може да влијае на својата судбина. Доколку Атлетико Мадрид вечерва го порази ПСВ, во тој случај германскиот тим, групната фаза ќе ја заврши на второто место без разлика на крајниот исход во последното коло против Шпанците во Минхен.

Овој епилог доаѓа од денешното гостување во Русија, каде беше совладан од Ростов со 3:2 за втор пораз во Лигата на шампионите.

Трите бода имаат големо значење на рускиот тим во трката за третото место со ПСВ и пласманот во Лигата на Европа.

Стартот на мечот не најавуваше дека Баерн ќе замине со пораз, бидејќи Диего Коста во 36. минута донесе водство на гостите. Пред самиот крај на првото полувреме, Азмун феноменално го издрибла Боатенг и рутински погоди за 1:1.

Ростов како што го заврши првото полувреме, така продолжи во вториот дел. Нобоа го помина Боатенг, кој имаше старт за најстрога казна. Полоз беше прецизен за 2:1. Баерн брзо израмни, во 52. минута со голот на Бернат. Конечните 3:2 ги постави Нобоа во 67. минута.

Најново во Меѓународен Фудбал