БетСити меч на денот: ШАХТЈОР ДОЊЕЦК – МАНЧЕСТЕР СИТИ

Гостите од Манчестер се веќе пласирани во 1/8 како првопласирани, додека Шахтјор за пласман понатаму не треба да загуби или пак Наполи да не дојде до победа на дуелот против Фенорд.

објавено: 6 декември 2017 - 14:29

06.12.2017 Среда 20:45

Првопласираните две екипи во групата Ф се среќаваат вечерва во дуел кој што им значи многу на едните, а речиси ништо на другите. Гостите од Манчестер се веќе пласирани во 1/8 како првопласирани, додека Шахтјор за пласман понатаму не треба да загуби или Наполи да не победи (игра против Фенорд).

По поразот на ПСЖ на синоќешниот дуел против Баерн, Манчестер Сити останува единствен непоразен тим со максимален број на бодови. Украинците се на еден бод од следната фаза што би било одличен успех за нив оваа сезона.

На првиот меч во Манчестер домаќините славеа со 2:0 со головите на Кевин де Брујне и Рахим Стерлинг но овој меч ќе биде сосема поинаков поради различните аспирации. Гвардиола со сигурност ќе ротира и ќе го сочува својот најдобар тим за градското дерби со Јунајтед овој викенд, а Шахтјор се очекува да настапи со најсилните 11 не оставајќи ништо на случајноста.

Во досегашните два дуела на домашен терен Шахтјор освои максимални 6 бода па токму затоа предлог тип на БетСити за овој дуел е:

Шахтјор Донетцк - азиски хендикеп (0) со коефициент 2.10 во БетСити

Најново во Меѓународен Фудбал