Малер за одличниот играч на Реал Мадрид

Бизарен проблем - Од депилација до плачка, Асенсио не игра со АПОЕЛ

Бизарен проблем и инфекција на ногата по депилација ќе го исфрли Марко Асенсио од тимот на Реал Мадрид вечерва во премиерната рунда од Лигата на шампионите против АПОЕЛ

објавено: 13 септември 2017 - 13:43

Бизарен проблем и инфекција на ногата по депилација ќе го исфрли Марко Асенсио од тимот на Реал Мадрид вечерва во премиерната рунда од Лигата на шампионите против АПОЕЛ

Младиот шпански ас не може да облече чорапи поради инфицираното место на ногата и ќе мора да се пресели на трибините на „Сантијаго Бернабеу".

Тоа ќе биде голем хендикеп за актуелниот европски првак, бидејќи Асенсио е во топ-форма. Против АПОЕЛ нема да настапи и Карим Бензема, но ќе игра Кристијано Роналдо

 

Најново во Меѓународен Фудбал