ТРАНСФЕР НА ЛЕТОТО ВО ИТАЛИЈА

Бонучи во Милан?

ТВ куќата „Медиасет", блиска до тимот од Милано открива дела челниците на „црвено-црниот" тим испратиле официјална понуда до Јувентус за репрезентативниот стопер, и дека наводно, „Старата дама" има рок од 72 часа за одговор...

објавено: 12 јули 2017 - 18:35

 

Италијанските медиуми, пред се оние од Милано, кои се блиски до Милна исфрлија една неверојатна приказна во која во главна улога освен некогашниот, е актуелниот шампион на Италија – Јувентус.
Односно во „преден план" е ставено името на Леонардо Бонучи.


Како што открива „Медиасет", миланскиот клуб испратил и официјална понуда до оној во Торино,. Во неа го нудат Алесио Ромањоли и Матија Де Шиљо, плус и одредена сума на евра, која за сега е непозната, а за возврат од Јувентус го бараат ни помалку ни повеќе туку Леонардо Бонучи.
Веќе неколку сезони, Де Шиљо е голема желба на „јувентините", пред се, на нивниот тренер Макс Алегри, додека пак Ромањоли важи за еден од најталентираните дефанзивци на светот, што се вклопува во концепцијата на „Старата дама", постепено да тргне во подмладување на онаа последна линија во тимот.
И тоа не е се...
Официјалната понуда е испратена дури откако Милан ги договорил личните услови со Бонучи. Во нив стои дека еден од најдобрите дефанзивци на светот би заработувал по седум милиони евра годишно во тимот од „Сан Сиро". А тоа е двојно повеќе отколку неговата моментална плата во Јувентус.
Се чека одговорот на Јувентус!

Најново во Меѓународен Фудбал