НЕ ИМ БЕШЕ МАЛКУ ПЕНАЛОТ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ

БУФОН Е ПОД ИСТРАГА: Каква е казната од УЕФА ќе дознае на 31.мај

Европската федерација покрена дисциплинска постапка против голманот на Јувентус поради црвениот картон и однесувањето за време на реванш-мечот од четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Реал во Мадрид...

објавено: 12 мај 2018 - 19:00

Пред еден месец, Реал и Јувентус го одиграа реванш-мечот од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. Дуелот на „Сантјаго Бернабеу" го одбележа еден контроверзен момент, откако во третата минута од судиското надополнување на времето, англискиот арбитар Мајкл Оливер досуди пенал за кралскиот клуб, кој го реализираше Кристијано Роналдо.
Доволно за Реал да загуби со „прифатливи" (1:3), затоа што на првиот меч во Торино славеше со (3:0).

Одлуката на Оливер да покаже на белата точка после контактот на Мехди Бенатија со Лукас Васкез предизвика бурни реакции кај фудбалерите на Јувентус.
На прво место кај капитенот Џиџи Буфон.
Поради сериозните протести, Буфон доби директен црвен картон, а сега против него УЕФА поведе дисцилинска постапка.
Легендарниот голман во таа прилика отиде чекор понатаму, и изјави дека англискиот судија „има канта за ѓубре наместо срце".
Контролното, етичкото и дисциплинското тело на УЕФА ќе расправа за овој случај на 31. мај.

 

Најново во Меѓународен Фудбал