ТАТКОТО НА НЕЈМАР ИСКРЕНО:

Да не го пуштев, ќе ме плукнеше во лице!

„Се обидов да го убедам синот да остане во Барселона. Но после таквиот став на управата на клубот, се предомислив" - вели Нејмар-сениор

објавено: 7 август 2017 - 12:25

Сакаше да го убеди својот син да остане во Барселона, односно да ја одбие понудата на ПСЖ. Но сепак, татковската љубов пресуди, одлучи да го потврди барањето на синот, по што сето друго е историја.

Нејмар го направи најскапиот трансфер во историјата на светскиот фудбал.
А Нејмар-сениор како негов застапник и татко пред се, признава дека се разочарал во Барселона, затоа што не ги добија ветените 26 милиони евра за потпишување на нов договор.

„Се обидов да го убедам синот да остане во Барселона. Но после таквиот став на управата на клубот, се предомислив" - вели Нејмар-сениор.

„Тоа беше тежок избор. Јас како татко не можев да го натерам да остане кога ја доенсе одлуката. Во спротивно, сигурен сум дека ќе ме плукнеше во лице, и ќе ми кажеше: 'Ти мене не ме пушташ'. Нејмар игра фудбал, а јас управувам со неговата кариера"- изјави постариот од семејството Нејмар.

Капитенот на бразилската репрезентација за рекорден трансфер од 222. милиони евра се пресели од Барселона во ПСЖ. Но каталонците одбиваат да му исплатат процент од парите кои ги добија со продажбата на Нејмар на неговиот прв клуб во кариерата, Сантос.

Најново во Меѓународен Фудбал