Комплетно се загуби човекот во црно

Даглас Коста го удри Мајкл Оливер, англискиот судија го исклучи Буфон (Видео)

Иако минаа пет дена од реванш мечот меѓу Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите, реакциите не стивнуваат. Нова снимка од последните моменти само покажува дека судијата Мајкл Оливер потполно загуби контрола, откако досуди контроверзен пенал за „карслкиот клуб“ и потоа го исклучи и Џиџи Буфон

објавено: 16 април 2018 - 19:10

Иако минаа пет дена од реванш мечот меѓу Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите, реакциите не стивнуваат. Нова снимка од последните моменти само покажува дека судијата Мајкл Оливер потполно загуби контрола, откако досуди контроверзен пенал за „карслкиот клуб" и потоа го исклучи и Џиџи Буфон.

На видеоматеријалот што се појави на Твитер од еден поинаков агол, се гледа дека Даглас Коста го удри под плексус главниот судија на мечот и не доби казна. Наместо тоа исклучен беше Буфон. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал