НЕВЕРОЈАТНА ДИСКУСИЈА

Дали Дани Алвеш ги избриша мрсулите од дресот на Роналдо? (ВИДЕО)

Дефанзивецот на ПСЖ тврди дека не го направил тоа за време на дуелот со Реал Мадрид, и дека пред се, имал проблеми со дишењето.

објавено: 13 март 2018 - 10:10

Нема крај на оној осминафинален дуел од Лигата на Шампионите во кој Реал Мадрид го елиминираше ПСЖ откако беше подобар и на дуелот на „Паркот на принцовите" во Париз.
Уште еднаш во главна улога се најде Дани Алвеш. Затоа што беше обвинет од страна на медиумите за уште еден непримерен потег во неговата бирна кариера во која порано беше дел и од екипи како Барселона и Јувентус.
Но Бразилецот тврди, дури е и убеден во тоа дека вистината е сосема поинаква.

"Велат дека сум ги бришел мрсулите од маицата на Роналдо. Не знам во кој свет живееме. Дали имам две години, или луѓето кои го мислат тоа имаат две години? Имав проблем со дишењето и тоа е се" - рече искусниот одбранбен играч на ПСЖ.

Бразилецот стигна да ја искоментира и реакцијата на Роналдо.

„Видов како Роналдо се обидува да ме одалечи од себе. Тоа е фудбалот, ние сме противници. Ништо лично. Му реков:„Пријател, јас сум ист како ти. Не сакам да губам"- наведе Алвеш по мечот во кој Реал по втор пат го победи ПСЖ и го елиминираше во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Најново во Меѓународен Фудбал