ДАНОЦИТЕ НЕ СЕ ПОДЕДНАКВО ИСТИ ВО ЕВРОПА И СВЕТОТ

Дали ова е вистинската причина за доаѓањето на Роналдо во Италија?

Освен „продолжението на кариерата" се чини дека „црно-белите" му дадоа и една друга одлична прилика – избегнување на високите даноци.

објавено: 19 јули 2018 - 18:49

Кристијано Роналдо е нов играч на јувентус. Италијанскиот шампион го плати 105 милиони евра, а португалецот потпиша договор на четири годиби и ќе заработува по 30.милиони евра по сезона.

„Не ми е жал што си заминав од Реал. Овде сум дека сакам нов предизвик. Играчите на мои години заминуваат во Кина, во Катар, и силно сум му благодарен на Јувентус што ми ја даде оваа шанса" - рече Роналдо на службеното претставување во нов играч на Јуве.

Освен „продолжението на кариерата" се чини дека „црно-белите" му дадоа и една друга одлична прилика – избегнување на високите даноци.

Роналдо е одамна во „војна" со даночниците во Шпанија околу даночните обврски, а неодамна направи и спогодба со нив и плати неверојатна казна од 18.милиони евра поради неплаќање на данок.

Роналдо многу повеќе заработува од спонзорските договори од клупската плата. Што и беше негов проблем во случајот со шпанската држава. Но по доаѓањето во Италија тоа го избегна.


Имено, минатата година италијанската влада донела закон според кој сите личности кои ќе пријават престој и работат во Италија не мораат да платат данок на парите кои ги заработуваат надвор од Италија, односно тоа го избегнуваат со плаќање на фиксна стапка од 100.000 евра на годишно ниво.
Исто вреди и за членовите на семејството, каде таа стапка изнесува 25.000 евра.
„Во превод" тоа значи дека Роналдо ќе плати „стотка" за данок за заработка од некои 80.милиони евра од спонзорските договори, додека пак во Шпанија за тоа би требало да остане „пократок" за цели 40%.
Затоа, не само Роналдо, туку и Меси, Нејмар, и друштвото паднаа во проблеми, иако редовно ги плаќаа даночните обврски. Но се се промени по измените на некои од даночните закони во Шпанија, а истите шпанската влада се обиде ретроактивно да ги примени и на фудбалерите кои заработуваат големи пари од спонзорски договори.
По доаѓањето во Италија, Роналдо рече дека го одбрал Јувентус поради големото почитување кое неговите навивачи му го искажале за време на четвртфиналниот дуел од ланското издание на Лигата на Шампионите, како и за новите предизвици кои ги сака во својата кариера.
Во некои аспекти, сепак, се чини дека му одговараат многу помалку предизвици.

 

Најново во Меѓународен Фудбал