СПОРЕД „СКАЈ СПОРТ"

Дембеле е следниот играч од 100 милиони?

Напаѓачот на Борусија од Дортмунд би требало да биде замената за Бразилецот Нејмар во Барселона, а каталонците се подготвени да платат „стотка"...

објавено: 6 август 2017 - 18:00

Дали Барселона брзо го преболе заминувањето на Нејмар во ПСЖ?

Веројатно е така ако се земат в предвид најавите на англискиот „Скај Спорт" дека Каталонците веќе пикириле и соодветна замена за неверојатниот Бразилец.
Наводно ја пронашле во редовите на Борусија од Дортмунд, а се вика Осман Дембеле.


Во текот на викендот и шпанската „Марка" најави една таква можност. Односно дека младиот Французин после мечот од Суперкупот против Баерн, тргнал на пат за Каталонија и дека многу скоро би требало да се официјализира неговиот премин кај шпанскиот гигант, кој неофицијално би платил и сто милиони евра за неговиот потпис.
Инаку, и пред мечот со Баварците Дембеле призна дека му годи интересот на Барселона.
„Чест е да се биде на мета на Барселона. Секој играч сака да игра таму. Ќе видиме што ќе се случи"- изјави дваесетгодишниот напаѓач на „милионерите" од Дортмунд, кој најави реализација на еден ваков „дил".
За потсетување, Дембеле стигна во Дортмунд минатото лето од редовите на Рен, и тоа во трансфер вреден 15. милиони евра. За овој Бундеслигаш Дембеле одигра 49 натпревари, постигна и 10 голови, но имаше и неверојатни 21.асистенции.

 

Најново во Меѓународен Фудбал