КОГА ГО ВЕЛИ ТОА ЕДНО ГОЛЕМО ТРЕНЕРСКО ИМЕ...

Дибала и Нејмар се наследниците на Роналдо и Меси

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри има спремен одговор околу тоа кој ќе го „дрма" европскиот и светскиот фудбал во наредниот период.

објавено: 31 декември 2017 - 13:00

Доминатно мислење во последните години е дека две најголеми звезди на светскиот фудбал се Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Но следното прашање кое логично се поставува е кој би можел да влезе во нивните копачки, односно кој ќе ги наследи откако тие ќе ја завршат кариерата.
А Масимилијано Алегри, актуелниот предводник на Јувентус, дури има и спремен одговор на тоа.
Вели дека на местото на двајцата офанзивци од Барселона односно Реал Мaдрид ќе дојдат напаѓачот од ПСЖ, Нејмар, и неговиот ученик од Јувентус, Паоло Дибала.

„Кога Меси и Роналдо ќе бидет постари, Дибала и Нејмар ќе бидат најдобрите на светот. Допрва пред Дибала се играчките денови. И знам дека може многу да ја унапреди својата игра"- коментираше стратегот на „црно-белите" по сигурните (3:1) против Верона.

Иако не беше стартер на четири средби кои ги играше „Старата дама", Алегри го врати Дибала во првиот тим за ова гостување, а Аргентинецот му се оддолжи со два гола.

„Беше важно за него да постигне гол. Веднаш после првиот гол се виде декa игра многу поопуштено. Тоа е добар знак".

Најново во Меѓународен Фудбал