ЏИЏИ БУФОН ГО СОВЕТУВА СВОЈОТ ПОМЛАД КОЛЕГА

Донарума нека прави што сака

Легендарниот голман на Јувентус истакнува дека не знае која ќе биде судбината на неговиот помлад репрезентативен колега, но му порача „да го слуша своето срце"...

објавено: 1 јули 2017 - 21:45

Џанлуиџи Донарума одби да го продолжи договорот со Милан, иако претходно беше испланирано дека треба да брани за „росонерите" се до истекот на договорот кој е со важност до јуни 2018 година.
Со тоа младиот, 18 годишен голман, предизвика своевидна поделеност во фудбалска Италија, и реакции на многумина. Пред се навивачите на Милан кои го прогласија за „предавник" и притоа упатија и закани по неговиот живот.
Неговиот колега од италијанската репрезентација, славниот Џиџи Буфон, размислува малку поинаку од останатите, пред се „миланезите".

"Обично не давам совети, затоа што и јас правам грешки,а со самото тоа би дал уште поголем придонес во уште поголем хаос. Сепак, разговарав со Донарума некои петнаесетина минути. Не можам да ви соопштам што ми рече. Не знам дали ќе остане во Милано, но му порачав да го прави тоа за кое мисли дека го прави среќен" – откри легендата на Јувентус.

Неодамна во трката за потписот на суперталентираниот чувар на мрежата на Милан се вклучи и актуелниот европски првак Реал Мадрид. Но Милан ги смени условите од понудата, секако на подобро, што и го наведе младиот фудбалер на дополнително размислување.

Најново во Меѓународен Фудбал