ЈУВЕНТУС Е ВО „ПРЕДЕН ПЛАН"

ЏИЏИ НЕ СИ САМ: Кои најдобрите 11 без трофејот во Лигата на Шампионите?

Ако се соберат во еден тим, реално е да се прошетаат до големиот пехар...

објавено: 12 април 2018 - 16:50

За неутралните љубители на фудбалот, исто така, посебно тешко беше да се помират со фактот дека една играчка легенда како Џанлуиџи Буфон ќе остане без трофејот кој се освојува во најквалитетното европско клупско натпреварување – Лигата на Шампионите.

Веројатно е дека Јувентус заслужи да игра продолженија во Мадрид. Но некој не мислеше, или не дозволи да биде така, па за кратко време легендарниот голман мораше да испие уште една „горка пилула".
По елиминацијата на Италија од трката за Светскиот куп во Русија, на Џиџи му се случи и ова...
Веројатно како крај на блескавата кариера
После овие (3:1) на „Сантјаго Бернабеу", стана јасно дека Буфон ќе влезе во идеалниот тим на играчи, и тоа од врвна класа кои не успеале во тоа, да го подигнат големиот пехар во ЛШ.

Буфон би бил на голот, а во дефанзивната поставка има уште четворица големи играчи. Еден од нив е Лилиан Турам, кој играше покрај Буфон, потоа уште двајца соиграчи, еден поранешен Фабио Канаваро, и едне актуелен Џорџо Кјелини, плус Лотар Матеус.
Тројца играчи од одбранат плус голман, доволно говорат за овие трагуишни две децении на јувентус.
Но не се ниту последни, затоа што во средниот ред се поставени Павел Недвед, сегашнито директор на „црно-белите" од Торин, и Патрик Виеира. А за овој дел од теренот не биде покриен со играчи на Јуве, тука спаѓа уште еден великан на европскиот фудбал – Франческо Тоти.
Во нападот пак уште три аса на фудбалската игра.
Златан Ибрахимовиќ, кој исто така едно време беше дел од „Старата дама" од Торино, потоа големиот Луис Назарио Да Лима – или Роналдо, како и епскиот стрелец на двата гола за Милан против Ливерпул во истанбулското финале, Ернан Креспо.

Ако не се доволни овие 11, има и „резервни играчи" како Денис Бергамп, Сеск Фабрегас, Михаел Балак, Филип Коку, Руд Ван Нистелрој...
Сите заедно под водство на еден Арсен Венгер, на пример, кој во своите 19 години на чело со Арсенал заигра во финалето само во 2006 година.

Најново во Меѓународен Фудбал