НАСКОРО ЌЕ ПАДНЕ И РЕКОРДОТ НА РОБЕРТО КАРЛОС

Е ТОА Е ДОЛГОВЕЧНОСТ: Марсело ќе остане во Мадрид цели 16 години

Левиот бек на бразилската селекција доби продолжување на договорот со Реал Мадрид до 2022 година...

објавено: 13 септември 2017 - 18:00

Почна на терените за мал фудбал како деветгодишник, а поради очајните услови во кои живееше тогаш, сакаше да го „батали фудбалот".

Но луѓето од Флуминенсе препознаа нешто во тоа момче, не му дозволија да се предаде. Со 13. години го донесоа во клубот, а пет години подоцна, го продадоа.
И тоа не било каде, туку во Реал Мадрид, и не за било која сума, за тогаш. големи шест милиони евра.
Затоа што можеби малку кој тогаш веруваше дека може да дотурка тука. Да биде „зацементиран" во „кралскиот клуб".
Сега со уште две години плус од важечкиот договор, според кој ќе треба да остане во главниот град на Шпанија до 2022 година.


Ништо чудно, би се рекло, но еден и тоа како битен момент прави разлика во овој случај.
Ако остане до крајот на договорот на „Сантјаго Бернабеу", тогаш 34.годишниот бразилски репрезентативец ќе ја одработи и својата 16. година во тимот од Мадрид
И без секаков сомнеж, ќе го урне рекордот на својот идол, Роберто Карлос, кој со вкупно 527. настапи за Реал, е најдолговечниот странец во историјата на „кралевите".
Моментално, Марсело е на второто место на таа листа со 414 одиграни натпревари за Реал Мадрид, и ако трае до 2022 година, сигурно е дека ќе го премине својот славен сонародник.
Сега е и заменик капитен на тимот, и веројатно еден од најдобрите леви бекови.
Она што е исто така важно е дека Реал веќе има негов заменик на таа позиција. Се вика Тео Ернандез, има само 19. години и чека момент кога же треба да го направи и следниот чекор, да го наследи Марсело.

Најново во Меѓународен Фудбал