ПСЖ ЌЕ МЕНУВА НА ПРВАТА ТРЕНЕРСКА ПОЗИЦИЈА

ЕМЕРИ: Готово е, си заминувам!

Унаи Емери потврдува дека од следната сезона нема да го води тимот од Париз, и дека за тоа се веќе информирани и луѓето од раководството но и играчите...

објавено: 27 април 2018 - 14:36

После освоената титула со ПСЖ во Лига 1, но и после испаѓањето во осминафиналето од Лигата на Шампионите (од Реал Мадрид), време е за разделба.

Денеска Унаи Емери потврди дека повеќе нема да го тренира тимот од Париз.

„Им реков на играчите, спортскиот директор, и на сопственикот дека е готово. Им се заблагодарувам на сите, и се што останува е финалето на Купот на Франција" - кажа Емери, кој мошне извесно ќе ја продолжи тренерската кариера во Реал Сосиедад.

Клуб кој одамна е во срцето на Емери, уште како дете, а клуб кој бара тренерско решение после разделбата со Еузебио Санкристијано.
Секако, веднаш се појавија и првите шпекулции околу тоа кој би можел да го замени на клупата. Најгласните се дека тоа можеби же биде Антонио Конте, кој наскоро треба да ја прекине соработката со Челзи и ќе дојде, наводно, да го прави истото со ПСЖ

 

Најново во Меѓународен Фудбал