ПОЛИТИЧКИ ИГРИ НА „СИГМА ИДУНА ПАРК“

Германија во шок: Навивачите на Зенит го запалија германското знаме во Дортмунд (ФОТО)

објавено: 20 март 2014 - 08:40

Германија, Европската унија и САД застанаа против Русија за случувањата во изминатиов месец во Украина, кризата, поделеноста на државата и референдумот за отцепување на Крим и припојување кој најголемата светска држава. Политиката синоќа замеша прсти во спортот, како многупати досега, па политичките игри на големите сили јасно ги отликаа навивачите.

Приврзаниците на Зенит, кој важат за едни од најжестоките и најпроблематични, кои се профашистички и расистички настроени, ја оставија Германија во шок. Во Рур, среде Германија го запалија германското знаме. На дуелот на „Сигма Идуна Парк“ тие направија скандал и покажаа што мислат за големите сили од Западот.

Русите сезонава се во фокусот на вниманието поради инцидентите и поради ширење на нацистичка пропаганда. И навивачите на Зенит, и тие на ЦСКА Москва, веќе неколкупати со флаери и стикери покажаа дека идеологијата на Германецот Адолф Хитлер им е поблиска.

 

Најново во Меѓународен Фудбал