По мечот со Олимпијакос

Гигс: Им должевме ваква победа на нашите навивачи

објавено: 19 март 2014 - 23:18

По завршувањето на мечот против Олимпијакос, најискусниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, изјави дека триумфот над грчкиот клуб им припаѓа на навивачите.

Екипата на Манчестер Јунајтед, на „Олд Трафорд“ со 3-0 славеше над Олимпијакос и продолжи во наредната фаза во Лигата на Шампионите а 40. годишниот Велшанец, победата над грчкиот клуб, им ја посвети на навивачите.

„Тешко е да надокнадите негатива од два погодоци во Лигата на Шампионите, но ние, успеавме во тоа. Навистина сум среќен поради пласманот во наредната рунда и оваа голема победа им ја посветувам на нашите навивачи, на кои им останавме должни по поразот од Ливерпул“, изјави Гигс.

Најново во Меѓународен Фудбал