Од малите сали до блесок на „Олд Трафорд“

Ѓаволска приказна на Бен Једер - Фусталецот што го урна Манчестер јунајтед

Висам Бен Једер со два гола го урна Манчестер јунајтед, а францускиот ас има супер приказна за неверојатен фудбалски развој

објавено: 14 март 2018 - 11:50

Висам Бен Једер со два гола го урна Манчестер јунајтед, а францускиот ас има супер приказна за неверојатен фудбалски развој.

Од футсал играч во пониските лиги во Франција, шпицот на Севилја стаса до големата сцена во Лигата на шампионите и со два гола доминираше вчера на легендарниот „Олд Трафорд“.

Висам е Тунижанец по потекло, но е роден во Франција и за популарните „триколори“ одигра два меча, но во мал фудбал, или популарно наречен футсал.

Потоа се префрли на фудбал, играше за аматерскиот тим Алфортвил, а Тулуз беше најбрз и го препозна квалитетот на популарниот „Benyebut“ што во превод би значело Бен-гол.

Играше голем фудбал за младата селекција на Франција, во Тулуз блескаше и за три сезони постигна 63 голови, што му донесе трансфер во Севилја за сума од 9 милиони евра. Договорот е петгодишен, а приказната на Висам е прекрасна.

 

Најново во Меѓународен Фудбал