Премиера што ветува, 6 погодоци во ЛШ

Гладни за голови - Тројки во Торино и Базел, предност за Јувентус и Манчестер сити

Ефикасно е во Торино и во Базел на стартот од пролетниот дел во Лигата на шампионите, а Јувентус и Манчестер сити имаат предност по првото полувреме

 

објавено: 13 февруари 2018 - 21:36

Ефикасно е во Торино и во Базел на стартот од пролетниот дел во Лигата на шампионите, а Јувентус и Манчестер сити имаат предност по првото полувреме.

И на двата меча за само 45 минути има по три погодоци, иако во Торино имаше и промашен пенал за хет-трик на Игуаин. А, Аргентинецот почна блескаво со волеј погоди во втората минута за предност на Јуве против Тотенхем, а до десеттата минута веќе беше 2:0 за „Старата дама“ со нов гол на Игуаин, овојпат од пенал. Потоа Кејн постигна гол за Тотенхем, а Игуаин во финишот промаши пенал.

Во Базел, Манчестер сити го прегази домаќинот и со головите на Гундоган, на Бернард Силва и на Агуеро има голема предност од 3:0 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите.

Најново во Меѓународен Фудбал