Интересен момент

Го контролираше ВАР системот на мечот Македонија и Азербејџан, сега се сели во Торино на дербито во ЛШ меѓу Јувентус и Реал Мадрид

Чунејт Чакир ќе ја дели правдата на дербито од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Реал Мадрид во вторник во Торино, само десетина дена откако го контролираше ВАР системот на пријателскиот меч меѓу Македонија и Азербејџан во Анталија

објавено: 1 април 2018 - 14:09

Чунејт Чакир ќе ја дели правдата на дербито од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Реал Мадрид во вторник во Торино, само десетина дена откако го контролираше ВАР системот на пријателскиот меч меѓу Македонија и Азербејџан во Анталија.

Чакир изненадувачки се појави на „Мардан“ арена на 27. март и беше задолжен за контрола на системот за репетиција на спорни моменти на дуелот меѓу Македонија и Азербејџан. И на негова сугестија беше досуден пенал за нас, за израмнување на 1:1. Сега ја доби довербата од УЕФА го суди првиот четвртфинален меч меѓу „Старата дама“ и „кралскиот“ клуб задутре. На големата сцена, во Лигата на шампионите

Најново во Меѓународен Фудбал