Опасно игра и очекуван е интересот од големите клубови

Го одби Реал Мадрид, сега е прв пик на Барселона

Килијан Мбапе игра брилијантно за Монако и го нарекуваат новиот Тјери Анри, а интересно е што на 14-годишна возраст ја одби понудата на Реал Мадрид, а сега е главен пик како засилување ан Барселона

објавено: 16 март 2017 - 16:20

Килијан Мбапе игра брилијантно за Монако и го нарекуваат новиот Тјери Анри, а интересно е што на 14-годишна возраст ја одби понудата на Реал Мадрид, а сега е главен пик како засилување ан Барселона.

Сега има 18 години, а полека станува главна алка во играта на Монако, тим кој има блескави таленти и ќе игра во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Килијан на 14-годишна возраст тренираше со јуниорите на Реал Мадрид, а токму сегашниот тренер на „кралевите“, Зинедин Зидан му понуди да остане во Мадрид. Мбапе одби и се врати во Монако, каде блеска. И со игрите и головите го привлече вниманието на европските гиганти. Во Барселона одамна го имаат запишано во „тефтерот“ со идни засилување и тој е прв пик на Каталонците во летнито преоден рок. Цената ќе биде „солена“, но во Барса велат „Мбапе мора да игра за нас“.

Најново во Меѓународен Фудбал