РЕАЛ САКА ДЕБЕЛА НАПЛАТА

Го сакате Иско, дајте ни го Дибала!

Како што пренесува италијанскиот „Тутоспорт", Реал Мадрид е подготовен на договор со Јувентус. Наводно, „кралскиот клуб" е подготвен да се одрекне од Иско, но само ако во замена го добие младиот Аргентинец...

објавено: 12 јануари 2019 - 23:00

Веќе некое време на големо се зборува дека клубот од Торино е и тоа како заинтересиран за шпанскиот репрезентативец. И дека менаџментот на „Старата дама" сака да ја искористи лошата ситуација во која се најде Иско од доаѓањето на Сантјаго Солари на клупата на Реал.

Сепак, Реал Мадрид е подготвен тоа дебело да го наплати. Доколку му дозволат на Искот да премине во редовите на еден од главните конкуренти во Лигата на Шампионите, „кралскиот клуб" ќе побара трансфер на Паоло Дибала во Мадрид.
Двата клуба досега соработуваа9т) сосема добро. Во летниот преоден рок, на пример, кога од Мадрид во Торино премина никој друг туку најдобриот на светот, Кристијано Роналдо.

Најново во Меѓународен Фудбал