СЕТО ТОА СЕ ОБИЧНИ ИНСИНУАЦИИ ВЕЛИ ЛЕГЕНДАРНАТА „ДЕСЕТКА“

ГОЛЕМИОТ АЛЕКС: Немојте, јас да сум среќен, јас против Буфон и Јуве, тоа не е фер?!

Легендата на Јувентус Алесандро Дел Пјеро неодамна ја критикуваше реакцијата на голманот нас „Старата дама" Џиџи Буфон по пеналот кој им беше досуден во реванш-мечот од Лигата на Шампионите со Реал во Мадрид. Но, дали е баш така...

објавено: 15 април 2018 - 22:30

Легендата на Јувентус Алесандро Дел Пјеро неодамна ја критикуваше реакцијата на голманот нас „Старата дама" Џиџи Буфон по пеналот кој им беше досуден во реванш-мечот од Лигата на Шампионите со Реал во Мадрид.

Сега истакнува дека во никој случај тоа не е усмерено спрема уште една клупска легенда на црно-белите...
Судијата Мајкл Оливер сеуште е тема на дискусија кај оние кои го сакаат Јувентус. Никако не може да му го заборават потегот, односно досудениот пенал против нивниот клуб во последните секунди од регуларниот дел на реванш-дуелот од четвртфиналето на Лигата на Шампионите.
Уште помалку оној црвен картон за Џиџи Буфон, кој му претходеше на голот на Кристијано Роналдо со ударот од 11. метри.
Фановите на „Старата дама" остана и по зачудувачкиот коментар на нивната икона Алесандро Дел Пјеро кој во прв момент го критикуваше односот на Буфон кон англискиот делител на правдата.
Но се чини дека тоа и не е баш така, вистински интепретирано од страна на медиумите.

„Го почитувам секое мислење кое го слушнав досега, а најмногу оние кои ги прочитав во овие неколку последни денови. Но оние кои на основа на она што го кажав претходни инсинуираат дека сум против Буфон, или дури и тоа дека сум среќен поради тоа што Јувентус испаднал, тие луѓе не се фер. Тоа навистина ме повреди" - потенцира 43. годишниот фудбалер и додаде: „Таквите луѓе не заслужуваат внимание. Што се случува тука?" -заклучува Дел Пјеро.

 

Најново во Меѓународен Фудбал