НЕМА МИР

ГОРДИОТ ГВАРДИОЛА – Победата е за уапсените Каталонци!

Триумфот против Наполи (2:1), шпанскиот тренер го посвети на двајцата лидери за независност на Каталонија кои беа упасени за време на референдумот во оваа земја.

објавено: 18 октомври 2017 - 11:15

Првиот ден од октомври предизвика контроверзни сцени во Барселона, односно во цела Каталонија. Најмногу поради тоа што Уставниот суд на Шпанија го прогласи како нелегален референдумот за независност на Каталонија.

Тие настани останаа и во меморијата на еден од подржувачите на независна Каталонија, Пеп Гвардиола, кој реагираше уште еднаш на она што се случуваше тие денови.
И тоа веднаш по дуелот од Лигата на шампионите против Наполи.

„Оваа победа ја посветувам на уапсените лидери за независност на Каталонија. Ние во Каталонија покажавме дека државјанството е поважно од било која идеја. Се надевам дека наскоро ќе бидат пуштени на слобода" - рече Гвардиоло во знак на подршка на своите сонародници.

Инаку Манчестер Сити го сочува ореолот на непобедливост во дуелите со Наполи. Ја оствари десетата по ред победа во сите натпреварувања.

 

Најново во Меѓународен Фудбал