НЕВЕРОЈАТНА ГОДИНА ЗА ГОЛГЕТЕРОТ НА ТОТЕНХЕМ

ХАРИ КЕЈН Е РЕКОРДЕР: Неверојатно е да се биде покрај величини како Ширер и Меси

Напаѓачот на Тотенхем е горд на постигнатото во оваа година и најавува уште подобра 2018...

објавено: 27 декември 2017 - 11:00

Хари Кејн е најдобриот напаѓач во Премиер лигата. Го докажа тоа офанзивецот на Тотенхем и на последниот меч во годината, кога со хет-трик стигна д освојот 38 погодок во најдобрата англиска лига во оваа календарска година. И со тие три гола против Саутемптон го урна рекордот на Ален Ширер стар 22.години.

Исто така, со 56 голови во сите натпреварувања оваа 2017 година ја завршува како најдобар стрелец во Европа, и зад себе остави уште една голема играчка величина каква е Лионел Меси кој даде 54.гола за Барселона.

„Сјајно е чувството. Фатнтастична година е зад мене, и да се заврши со хет-трик е навистина сјајно. Многу сум горд на тоа, Да се биде рамо до рамо со Меси и со Ширер е навистина неверојатно"- изјави Кејн.

Но неговите амбиции за следната година се уште повисоки, како лични, така и клупски.

„Ја завршуваме годината високо, но сакаме да напредуваме во наредната. Ќе тренираме силно за да го постигнеме тоа. Се чувствувам добро, но секогаш сакам да напредувам. Тоа е она што го работам низ текот на кариерата. Се надевам дека така ќе продолжам и во 2018"- порача Кејн кој на обврските ќе им се врати веќе на 2. јануари, со дуелот на Тотенхем против Свонси.

 

Најново во Меѓународен Фудбал