ЗАПОЧНУВААТ ВЕЧЕРВА ВОЗБУДУВАЊАТА И ВО ОСТАНАТИТЕ 4 ГРУПИ!!!

Хофенхајм со првите историски голови во ЛШ, мирно во Амстердам! (ВИДЕО)

Денеска е вториот ден од новата сезона во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите, програмата в среда започна со првите дуели од групата Е и Ф.

објавено: 19 септември 2018 - 19:55

После првото полувреме на стадионот во Украина, поточно во Харкив со 1:2 води екипата на Хофенхајм против Шахтјор Доњецк во рамките од групата Ф. Тоа се првите голови во историјата на германскиот клуб во ЛШ.

Уште во шестата минута поведоа Германците со погодокот на австрискиот интернационалец Грилич кој убаво беше асистиран од страна на Битенкурт.

Потоа, во 27. минута Бразилецот Исмаили ја покажа својата брзина пред која беа немоќни Германците, убав дриблинг, се ослободи од противничкиот играч, и кога сите помислија можеби дека ќе шутира со десната, изненадувачки со левата го матираше Бауман.

Во 38. минута после еден изведен корнер од страна на Крамариќ, највисок во казнетиот простор беше Нордвејт и со глава донесе 1:2 за Хофенхајм, а воедно невнимателен беше и домашниот чувар на мрежата Пјатов.

Да додадеме уште дека во групата Е на „Јохан Кројф" Арената во Амстердам мируваат мрежите после првото полувреме на дуелот помеѓу Ајакс и АЕК од Атина.

Најново во Меѓународен Фудбал