ПРОПАСТ НА ПОЛИТИКАТА НА КАТАЛОНЦИТЕ

И ВО БАРСЕЛОНА ЗНААТ ДА УТНАТ: Дадоа 500 милиони евра, а играат само двајца играчи

На „Камп ноу" не можат да се пофалат за некоја успешна „трговија" со играчите во последните неколку години...

објавено: 23 февруари 2018 - 21:55

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи, Барселона „извади“ неречени (1:1, а иако каталонците може да бидат задоволни со крајниот резултат, никако тоа не важи за играта која ја прикажаа на „Стемфорд бриц“. Во најголем дел од мечот „сините“ беа подобриот противник, а голот Челзи го прими после една голема грешка на одбранбените играчи.

Но, како и да е, Барселона е голем фаворит за премин во четвртфиналето на најсилното европско натпреварување, а основата на тимот кој јуриша на новиот наслов е составена од играчи кои пред три години дојдоја до пехарот во ЛШ.

Оттука каталонците не може да се пофалат дека во тој период донесоа доста првотимци.

Од сите играчи кои се донесени во последните три години, на „Стемфорд бриџ“ играа само четворица, односно Умтити, Паулињо, Гомеш и Видал. Со забелешка дека последните двајца влегоа во игра од клупата за реззервни играчи како заменици за Иниеста и Паулињо. 

Умтити и Паулињо се наметнаа како стандардни, и за нив може да се каже дека ги оправдаа сре4дсствата која барса ги вложи во нив. 

Сите други заедно, па доста слабо...

Во последниот период, овој од три годони, БАрселона потроши дури 500 милиони евра на засилуивања. а сега имаат само два ударни играчи во првата постава. 

Олеснителна околност секако им е што Кутињо нема право на настап во Лигата на шампионите, но треба да се свесни дека направија голем број на грешки при трансферите. 

ДОАЃАЊА

2015/2016

Арда Туран (Атлетико Мадрид, 34.милиони евра)

Алекс Видал (Севиља, 17.милиони евра)

2016/2017

Андре Гомеш (Валенсија (35.милиони евра)

Пако Алкасер (Валенсија, 30.милиони евра)

Семјуел Умтити (Лион, 25.милиони евра)

Лукас Диње (ПСЖ, 16.5 милиони евра)

Јеспер Цилесен (Ајакс, 13.милиони евра)

Денис Суарез (Виљареал, 3/5 милиони евра)

2017/2018

Фелипе Кутињо (Ливерпул, 120 милиони евра)

Осман Дембел (Борусија Д, 105.милиони евра)

Паулињо (Евергранде, 40.милиони евра)

Жерар Делофеу (Евертон, 12.милиони евра)

Јери Мина (Палмеирас, 11.8 милиони евра)

Марлон (Флуминенсе, 5. милиони евра)

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал