И ПОКРАЈ ТОА ШТО НЕГОВИОТ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ЗАГУБИ

Ибра со нов рекорд во Лигата на шампионите

Со настапот на мечот против Базел, Златан стана првиот играч во историјата кој настапил за седум различни екипи во елитната лига на УЕФА

објавено: 23 ноември 2017 - 09:55

Манчестер јунајтед синоќа загуби на гости кај Базел со 1:0, но и покрај тоа „црвените ѓаволи“ се речиси сигурни учесници во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Во последните 15-тина минути на тој меч, во игра влезе Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот голгетер немаше некој посебен учинок на теренот, но затоа постави статистички рекорд во ЛШ.

Популарниот Ибра стана првиот играч кој одиграл меч во ЛШ, за седум различни клубови во Лигата на шампионите. играчот кој повеќе од 10 години е врвен голгетер, дебито во елитната лига на УЕФА го имаше за екипата на Ајакс, а потоа во Лигата на шампионите ги има носено и дресовите на Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и синоќа за Манчестер Јунајтед. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал