"ДЕВЕТКАТА" НА ЈУВЕ НЕ КРИЕ

ИГУАИН НЕ МОЖЕ ДА МОЛЧИ ПОВЕЌЕ: Зборуваше дека сум мрзлив, иако дадов 36 гола... (ВИДЕО)

Гонзало Игуаин и понатаму е главна тема во италијанските медиуми. Аргентинецот ги турна надежите на неговиот поранешен клуб Наполи, а го врати сегашниот, Јувентус, во трката за титулата.

објавено: 8 декември 2017 - 17:25

Гонзало Игуаин и понатаму е главна тема во италијанските медиуми. Аргентинецот ги турна надежите на неговиот поранешен клуб Наполи, а го врати сегашниот, Јувентус, во трката за титулата.
Од 2007 до 2013 година беше дел од Реал Мадрид, после тоа замина во Неапол, а на крајот, за сума од 90.милиони евра потпиша за „Старата дама" од Торино.

"Тоа не беше лесна одлука, но среќен сум и горд затоа то со Јувентус играв во финалето на Лигата на Шампионите. Се чувствувам како дел од тимот, а после победата против Удинезе од 6:2 во која не постигнв ниту еден гол, Џиџи Буфон ми рече дека сум одразот на тимскиот дух на Јувентус, и дека од Алегри ќе бара да им покаже на сите играчи како се бори за тимот . Ако не играм добро, соиграчите ќе ме критикуваат, не поради тоа да се чувствувам лоШо. Туку да го подигнам нивото на игра и да ги поправам грешките"- открива „Пипита".

Неговиот однос со претседатело тна Наполи, Аурелио Де Лаурентис е нарушен уште од неговото заминување од Неапол. Па затоа и не чуди што голот кој го даде на „Сао Паоло" му го посвети токму нему, на првиот човек на тимот од Југот на Италија.

Но открива и зошто во одредени ситуации не се сложувал со идеите на тренерот Маурицио Сари.

"Говореше д ека сум мрзелив. Сакаше да забивам како Меси и како Роналдо, иако веќе реализирав 36 гола"- нагласува Аргентинецот

За тоа како функционира не теренот и кој му е идол вели:

"Пред да ја добијам топката, знам што ќе направам со неа. Во фудбалот најважни се секундите, оние во кои најчесто ја немате топката во нозете. Мојот идол е бразилскиот Роналдо. А ако не го сакате него, тогаш немат епоим за фудбалот“- заклучи Игуаин.

Најново во Меѓународен Фудбал