ФИНАЛЕТО ВО 2020 ГОДИНА НА СТАДИОНОТ „АТАТУРК“

Истанбул повторно домаќин на финалето во ЛШ

На овој стадион се играше легендарното финале помеѓу Ливерпул и Милан во 2005 година

објавено: 24 мај 2018 - 15:21

Истанбул е избран за град-домаќин на финалето во Лигата на шампиони во фудбал во 2020 година, а стадионот на кој ќе се игра спектаклот, ќе биде „Ататурк“. На овој стадион во 2005 година се играше незаборавното финале Ливерпул - Милан, кога Англичаните ја освоија титулата, иако губеа со 0-3 по првото полувреме. Ова е стадион кој ретко се користи, понекогаш Галатасарај таму игра меѓународни мечеви, но добро е зачуван. 

Во 2020, финалниот меч од Лига Европа, ќе се игра во полскиот град Гдањск, на стадионот изграден за потребите на Европското првенство во 2012 година. Суперкупот ќе се игра на „Драгао“ во Порто.  

Најново во Меѓународен Фудбал