ВЕЛИКАНИТЕ САКААТ ЛЕТНИ ПРОМЕНИ

Јунајтед и Реал ќе се се трампаат, во игра Погба, Бејл, Крос или Модриќ...

Во евентуалниот фудбалски трејд би учествувале дури пет играчи...

објавено: 6 април 2018 - 14:30

Неколку англиски медиуми, вклучително и „Манчестер Ивнинг" пишуваат дека ова лето би можело да се случи голема размена на играчи помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Уште од порано беше познато дека Реал го посакува во своите редови Давид Де Геа, но како со својот статус кај Жозе Мурињо незадоволни се Антони Марсијал и Пол Погба, списокот на играчи од Јунајтед кои може да си заминат е поголем.

Согласно со една таква варијанта, тогаш овој „трилинг" би се преселил на „Сантјаго Бернабеу" додека пак во спротивна насока би тргнат Герет Бејл, како и еден од незаменливиот тандем од средниот ред на „кралевите"- Лука Модриќ или Тони Крос.

 

Најново во Меѓународен Фудбал