БОМБА И ВО АНГЛИЈА?

Јунајтед подготви 110 милиони евра за Герет Бејл!

По се изгледа дека „црвените ѓаволи" конечно се отворија на оваа тема...

објавено: 10 август 2017 - 12:45

Иако информацијата доаѓа од не толку признатиот „Сан", барем во Англија, раководството на Манчестер Јунајтед наводно подготвува мега понуда за еден од главните играчи на Реал Мадрид, Герет Бејл.

И дека за тоа одвоиле сума од 110.милиони евра.


Иако претходно претседателот на Реал, Флорентино Перез рече дека Бејл не е на продажба, се стекнува впечаток дека сепа Велшанецот е најслабата алка во трилингот „ББЦ", и дека во исто време е најблиску до заминување.
Очекувањата се дека таа „трка" ќе се води помегу него и Карим Бензема, се со цел да се отвори простор за младата звезда од Монако, Килијан Мбапе.
„Сан" вели и тоа дека платата на Бејл како играч на Јунајтед би била неверојатни 500.000 фунти на неделно ниво.
Нешто порано Бејл беше доведуван и во комбинација со Арсенал. Но прашање е и тоа големо, дали „тобџиите" финансиски можат да се мерат со ривалот од „Олд Трафорд". А освен тоа, како што е познато, претходно Бејл играше и на најголемиот градски противник на Арсенал, секако, Тотенхем.

 

Најново во Меѓународен Фудбал