ЈАНУАРИ – МЕСЕЦ НА ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ

Каде би можеле да заминат Санчез, Кутињо, Луиз?

Кои се десетте најбарани фудбалери?

објавено: 19 декември 2017 - 17:15

Иако во последните неколку години, зимскиот преоден рок не важи како премногу атрактивен, сепак, оваа година би можело да биде малку поинаку. Пред се затоа што постојат неколку „реални трансфери" кои би биле реализирани токму во јануари...

Кои би можеле да бидат тие, и да се сместат меѓу оние кои звучат атрактивно, барем десетмина од нив?

ИНИГО МАРТИНЕЗ (РЕАЛ СОСИЕДАД-БАРСЕЛОНА)
На Барса и треба стопер, а со самото тоа стравуваа пола од Ла Лига. Долго време каталонците беа спојувани со Емерик Лапорт од Атлетико од Билбао. Но во последно време се најавува дека Ернесто Валверде се одлучил за Иниго Мартинез од Реал Сосиедад, кој има навистина сјајна сезона.

ФИЛИП КУТИЊО (ЛИВЕРПУЛ-БАРСЕЛОНА)

„Сакам-несакам" драмата на Филип Кутињо трае долго, можеби и предолго. Беше звезда на летниот преодне рок, така и ќе остане и сега.


Станува пиизвесно дека барселона же ја „крене" понудата, и дека Бразилецот ќе се ресели на камп Ноу". А кога Барселона посакува некој играч, мала е веројатноста дека нема да го добие.

АЛЕКСИС САНЧЕЗ (АРСЕНАЛ-МАНЧЕСТЕР СИТИ)
На лето истекнува договорот на Алексис Санчез со Арсенал. Знак дека оваа зима или мора да го продолжи, или да се пресели на друго место.

Најблиску е Чилеанецот до Манчестер Сити, кој може да плати разумна отштета за фудбалер кому му остануваат само шест месеци од обврските спрема „топџиите".

ДЕНИ РОУЗ (ТОТЕНХЕМ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД)
Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, мака мачи како да ги сочува своите бекови. Летоска Сити го собра Кајл Вокер, сега пак другиот тим од Манчестер сака да го направи истото со Дени Роуз. Факт е дека постојат проблеми на релацијата играч-тренер, па извесно е дека Роуз може да ги напушти Спарси уште оваа зима.

ЛЕОН ГОРЕЦКА (ШАЛКЕ – БАРСЕЛОНА)
Уште едно име чиј договор истекнува ова лето. Сигнал за големите како Ливерпул, Сити, Јувентус, Баерн да тргнат во потера за неговито потпис.


Но се чини дека најблиску до тоа е Барселона, местото каде Горецка сака да ја продолжи кариерата. Во „Блауграна" се дефицитарни со плејмејкери, а профит би имали Шалке додека се одрекне од младиот репрезентативец уште во јануари.

КЕПА АРИЗАБАЛАГА (АТЛЕТИКО БИЛБАО – РЕАЛ МАДРИД)
Во Шпанија тврдат дека договорот е постигнат, затоа што Реал бара нов голман, и тоа подолго време, секако после нереализираниот обид со Давид Де Геа.
А Аризабалага ги исполнува сите услови, млад е, талентиран е, не е претерано скап, и е Шпанец!

ДАВИД ЛУИЗ (ЧЕЛЗИ – ЈУВЕНТУС)
Давид Луиз е во немилост кај тренерот Антонио Конте, знак дека по втор пат ќе си замине од Челзи.


Нема да недостасуваат купци, но во овој момент Јувентус е најголемиот фаворит да дојде до бразилскиот стопер. И секако, да биде идеална замена за Бонучи во задната линија на италијанскиот шампион.

МАКС МЕЈЕР (ШАЛКЕ – ТОТЕНХЕМ)

Упште еден талентиран гернаец од средината на теренот, кој може да игра на неколку позиции, најдобро како среден везен. Идеален за мерките на Маурицио Покетино.
Пред се затоа што Тотенхем е и премногу зависен од креациите на Ериксен, и ефиаксноста на Али и Кејн. А со Мејер би добиле помалку и од едниот и од другиот дел од теренот.

ХЕНРИК МХТАРИЈАН (МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ИНТЕР)
Не се снаоѓа добро во системот на Жозе Мурињо, па извесно е дека оваа зима ќе си оди од „Олд Трафорд".

Најизгледна дестинација за него е Италија, Милано, односно Интер. Клубот кој се врати во трка за титулата, и има тим на кој му се потребни креативци во средниот ред.

САНДРО ВАГНЕР (ХОФЕНХАЈМ – БАЕРН МИНХЕН)

Еден од „решените" трансфери во јануари. На Баерн му треба замена за Роберт Левандовски, а Вагнер се согласува да биде втора опција, зад Пољакот. Тука Хофенхајм нема многу право на избор.

 

Најново во Меѓународен Фудбал