ЛУДИ АНГЛИЧАНИ

КАКОВ НАВИВАЧ ИМА ЈУНАЈТЕД: Стави тетоважа со трагичарот на Ливерпул, Лорис Кариус

Лорис Кариус ги преживува најтешките денови од кариерата.

објавено: 29 мај 2018 - 18:00

Голманот на Ливерпул е трагичарот на финалето на Лигата на Шампионите, во кое им подари дури два гола на фудбалерите на Реал Мадрид кој на крајот победи со резултат (3:1), катастрофално погреши при првиот гол на Бензема, а потоа ја испушти топката која влезе во голот по ударот од далечина на Герет Бејл.

А за овој пораз на „црвените", се чини дека најмногу му се израдуваа фановите на Манчестер Јунајтед и легендите на клубот од „Олд Трафорд" кои никако не сакаа да го видат нивниот неомилен клуб на кровот на Европа.
Во тоа им помогна, и тоа многу, токму германскиот голман на Ливерпул.
И додека навивачите на шпанскиот великан саркастично му дадоа најголема оценка на Германецот во анкетите на „Марка". Го слават и навивачите на „црвените ѓаволи".

Еден од нив пак отиде најдалеку. Стави една тетоважа на своето тело на која напиша:
„Кариус е легенда", придружено со датумот на одигрување на финалето во кое Ливерпул загуби во Киев.

Најново во Меѓународен Фудбал