Промашија пенал и испаднаа

Каква драма во Елбасан, гол и асистенција за Емини како утеха за елиминацијата на Кукс (Видео)

Вистинска драма се случи на „Елбасан арена“ во Албанија, каде во реванш-мечот меѓу Кукс и Шериф од Молдавија одлучуваа нијанси за патникот во третата квалификациска рунда на патот до Лигата на шампионите

објавено: 19 јули 2017 - 21:50

Вистинска драма се случи на „Елбасан арена" во Албанија, каде во реванш-мечот меѓу Кукс и Шериф од Молдавија одлучуваа нијанси за патникот во третата квалификациска рунда на патот до Лигата на шампионите. Поранешниот играч на Шкендија и на Ранова, Изаир Емини постигна прекрасен гол во 35. минута за Кукс и ја анулираше предноста од 1:0 на Шериф од првиот меч. Со асистенција до Перо Пејиќ, Емини креираше и предност од 2:0, но гостите се вратија во игра со погодокот на Бајала во 56. минута. И имаа пласман во третото коло до 81. минута, кога беше досуден панел за Кукс. Хрватот Пејиќ промаши од белата точка, а потоа во судиското продолжение ја погоди стативата, што значеше елиминација на Кукс и на Емини и на Лена, кои играат за албанскиот состав.

Претходно, АПОЕЛ си осигура пласман понатаму со уште една победа од 1:0 против Дуделанж, а во третата рунда како ривал на македонскиот првак Вардар се најде и ФК Копенхаген, иако загуби од Жилина дома со 1:2. По продолженија Розенборг едвај го елиминира Дандалк со триумф дома од 2:1 (првиот меч заврши 1:1), а Лудогорец со 4:1 го декласира Жалгирис и ја анулира негативата од 1:2 од првиот меч.

Најново во Меѓународен Фудбал