Е ЗАТОА СЕ НАЈДОБРИ

Кариус бараше и доби прошка од навивачите

Навивачите на Ливерпул му дадоа поддршка на својот голман Лорис Кариус и покрај катастрофалните реакции за време на финалето при кои практично му подари два гола на противникот.

објавено: 26 мај 2018 - 23:35

Најпрвин направи грешка што му овозможи на Бензема да ја погоди мрежата, а во финишот на мечот ја испушти топката која заврши во голот по шутот од далечина на Бејл. Германскиот голман со неверување и со солзи во очите гледаше како се радуваат фудбалерите на Реал, а тагуваат неговите соиграчи чувствувајќи вина што ги изневери своите другари. Но неговите соиграчи го кренаа го прегрнаа, а тој замина кон трибината со навивачи на Ливерпул барајќи прошка. А тие со аплауз го поздравија својот голман.

 

Најново во Меѓународен Фудбал