РЕАЛ-БАЕРН, ЕСЕНЦИЈА НА ФУДБАЛОТ

Карло и „Зизу", Роналдо и „Лева"...(ВИДЕО)

Многу емоции ќе донесе второто големо четвртфинале во кое понатаму ќе оди или Реал или Баерн... Особено кај Крос, Алонсо, Робен...

објавено: 17 март 2017 - 19:00

Можеби нема да има многу „допирни точки" со другите три четвртфинални двојки, но двомечот Реал Мадрид - Баерн ќе биде вистинска есенсија на фудбалот кога станува збор за ова издание на Лигата на Шампионите.

Два големи тима, и два уште поголеми клуба, еден тренер кој освоил се, и е со децении докажан во својата работа, и еден кој, практично, е на почетокот на кариерата. Но лежерно ја гради пирамидата на успехот и тоа на основите на неговиот италијански ментор.
Плус емоциите, затоа што Чаби Алонсо, Тони Крос, Арјен Робен, се враќаат кај своите поранешни клубови.
И над се Кристијано Роналдо против Роберт Левандовски!
Реал Мадрид е актуелен првак на Европа, водечкиот тим во Примера, имаше и тешка група, и недоволно јак противник во осминафиналето, но се чини дека не е убедлив како есеноска, затоа што далеку полесно прима голови, особено на гостински терен.
Од друга страна, во нивната игра е забележливо и посебен електрицитет кога станува збор за мечевите од ЛШ, сакаат да го освојат пехарот уште еднаш, да ја поместат границата со 12. пехар во ова натпреварување, и да постанат првиот клуб кој ја одбранил сребрената амфора.

Првата пречка на тој пат е Баерн. Истиот оној Баерн кога во поселдниот двомеч, тогаш полуфинален, го победија со вкупен резултат 5-0.
Тогаш „кралскиот клуб" го предводеше Карло Анчелоти, сегашниот стратег на баварците, кој и во таа прилика покажа дека е тактички гениј.
Многумина сметаа дека неговиот тим не може да издржи против баварскиот пресинг, и големата предност во поседувањето на топката, креирано од страна на Пеп Гвардиола. Но се покажа дека една „контра" на „Сантјаго Бернабеу" (стрелец Карим Бензема) и три "прекини" на „Алијанц арената" со уште еден страшен противудар - ја докажаа супериорноста на „стариот волк".
Затоа е и сосема логично што во Мадрид стравуваат токку од човекот кој им ја доенсе јубилејната десетта титула на европски шампион.

„Баерн е еден од најтешките противници кои можевме да ги добиеме во четвртфиналната ждрепка. Но и ние сме исти од нивната перпектива на гледање. Анчелоти не познава добро. Ќе се судрат екипи кои се прилично изедначени на секоја позиција. Тоа што реваншот го играме во Мадрид може да биде некоја мала предност. Но не заборавајте дека на Баерн дома му се потребни и 20 минути за да ве 'убие' " - рече после ждрепката Емилио Бутрагењо, спортскиот директор на Реал Мадрид.

Вистински куриозитет во најинтересниот двобој во четвртфиналето е дека сите оние работи кои ги прави Карло Анчелоти се прифатени, или „ги симнува" и Зинедин Зидан. Французинот две години го учеше занаетот седејќи непосредно покрај искусниот Италијанец. И притоа научи да ја „намести" екипата за големи мечеви. Има позитивен биланс во дуелите со Барселона, а од дуелот со Волфсбург од минатиот април, не загубил ниту еден меч во Лигата на Шампионите.
А како играч веќе го исфрлал Баерн во четвртфиналето, како што беше случајот во 2001/2002 и во осминафиналето (2003/2004).
Ако е нешто проблем за Реал и за Зидан, тогаш тоа е распоредот. По репрезентативната пауза има релативно лесна задача со Алавес (дома), а потоа, на 8. април следува градското дерби со Атлетико. На 12. април е гостувањето во Минхен, а на 18.април реваншот со баварскиот состав во Мадрид. А само седум дена подоцна тој пеколен месец завршува со „Ел Класико", дуелот со Барселона кој може да го промовира новиот шампион на Шпанија.
И ако Реал се потпира на Зидан и на Кристијано Ронадло - стрелец на четири гола во дуелите со баварскиот гигант на исто толку мечеви, не е тешко да се заклучи дека главните осовини на Баерн се Карло Анчелоти и Роберт Левандовски.
Италијанецот докторираше на пролетните средби во Европа. По оној успорен старт практично ја „подмачка машинеријата" која сеге меле се пред сее. И изгледа незапирливо, затоа што сите што играта знаат и постигнуваат головим а најмногу, се разбира, шпицот од Полска (33 гола на 30. мечеви).

„Реал е клуб кој просто кажано, морате да го почитувате. Ја освои Лигата на Шампионите два пати во последните три годни, но старо е правилото кое вели дека првакот во ова натпреварување не може да ја одбрани титулата. Нашиот тренер ги знае мадриѓаните во душа. А сигурен сум и тоа дека е посебно мотивиран. Шансите се 50:50. Ако во Минехн ги добиеме со 1:0 или со 2:0, тоа би бил врвен резултат за нас" - посакува Карл-Хајнц Румениге, извршниот директор на Баерн.

Или екипата која има доста поголем комфор кога станува збор за календарот. Практично завршија најголем дел од работите во Бундеслигата во обидот да ја одбранат титулата затоа што имаат десет бодови предност во однос на РБ Лајпиц. Навистина играат, и тоа два пати за кратко време против Борисија (и во Купот на Германија), но тоа и не е така страшно (имаат седум дена пауза).
Едноставно Баерн е јак тим, доволно силен да го „преживее" гостувањето во Мадрид. Впрочем, тоа беше во 2012 година кога во шпанската престолнина, и изведувањето на пенали (претходно беше 2:1 во регуларниот дел) во кое „централна фигура" беше Серхио Рамос и неговиот епски изведен пенал кој заврши на трибините. Тој подарок го однесе Баерн во финалето.

А колку е тешко да се предвиди вкупниот победник може да се заклучи и од податокот дека досега Реал и Баерн се сретнале десет пати во нокаут фазата од Лигата на Шампионите.
И дека и едните и другите имаат по пет „поминувања".
Џиновите на светскиот фудбал...
Штета, затоа што еден мора да падне, но барем земјата ќе се тресе во тие 180 можеби и повеќе минути.

 

 

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал