ШПАНСКИОТ ГОЛМАН СО НОВО ГОЛЕМО ОСТВАРУВАЊЕ

Касилјас рамо до рамо со Рајан Гигс

Легендарниот голман, Икер Касилјас синоќа испиша уште една историска страница во Лигата на шампиони. 

објавено: 14 септември 2017 - 11:00

Легендарниот голман, Икер Касилјас синоќа испиша уште една историска страница во Лигата на шампиони. Шпанецот во својата кариера освои се што можеше, а синоќа на дуелот Порто и Бешикташ дојде до ново остварување. 

Касилјас ја започна својата 19. сезона во Лигата на шампиони, нешто што до сега му појде од рака само на Рајан Гигс. Шпанскиот голман во поразот на Порто од турскиот тим (3-1) го забележа 186. настап во најелитното клупско натпреварување. 

Најново во Меѓународен Фудбал