СКРШЕНА „КЛЕТВАТА“ НА „ВЕМБЛИ“

Кејн ги „крена“ Тотенхем

Хери Кејн постигна два гола за Тотенхем да ги победи Борусија Дортмунд на „Вембли" за одличен старт на Лигата на шампионите

објавено: 13 септември 2017 - 22:48

Кејн помогна Спарс да стигнат до прва победа на „Вембли“ оваа сезона, откако селењето од „Вајт Харт Лејн“ (на чие место се гради нов стадион) не им донесе најдобри резултати на тимот од северен Лондон. Стартот на мечот беше фуриозен - Сон Хеунг-Мин постигна гол во 5-тата минута по одличен пробив од левата страна, пред само седум минути подоцна новото засилување на Дортмунд, Андриј Јармоленко да израмни.

Тогаш на сцена стапи Кејн, кој постигна два гола и ја донесе победата на англискиот тим. Спарс го завршија мечот со 10 играчи, откако Јан Фертонген доби црвен карт за удирање со рака во лицерто на Марио Геце.

Најново во Меѓународен Фудбал