ТОТЕНХЕМ ДОМИНИРАШЕ ВО ТОРИНО

КЕЈН: Можевме да се предадеме...

Напаѓачот на Тотенхем е задоволен со ремиот во Торино во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите.

објавено: 14 февруари 2018 - 14:00

Јувентус брзо поведе со (2:0), но Спарси знаеја како да продолжат и да стигнат до одлични (2:2), на стадионот на Јувентус во Торино.

„Можевме да се предадеме. Игравме на гостински терен во Лигата на шампионите. Но покажавме карактер. После два примени гола игравме одлично и сега одиме на Вембли со два гола дадени на гости. Тоа е сјаен резултат. Требаше да дадам гол кога биев со глава, но сепак, подоцна успеав да ја затресам мрежата"- вели Кејн кој веќе има девет гола во ЛШ.

Вториот гол за Тотенхем на ова тешко гостување го реализираше Данецот Кристијан Ериксен.

„Сигурни сме во тоа дека ќе имаме шанса на Вембли. Во тој натпревар ќе влеземе со многу самодоверба, сите се радуваме" - кажа Данецот пред реваншот кој ќе се игра на 7. март во Лондон.

Најново во Меѓународен Фудбал