РЕАЛ МОРА ДА МЕНУВА ВО НАПАДОТ, ТОА Е ЈАСНО КАКО ДЕН

Ќе се растури „триото" ББЦ – ама ќе има и три нови „галактикоси"

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, му потврди на тренерот Зинедин Зидан дека за обнова на тимот ќе добие 300. милиони евра, и дека добар дел од нив ќе биде тоа што клубот ќе го добие со продажбата на Герет Бејл и на Карим Бензема.

објавено: 28 февруари 2018 - 19:45

Дебаклот кој е најавен уште на половина од сезоната е скоро извесен. Реал Мадрид може да ја спаси оваа сезона само со освојување – одбрана на титулата во Лигата на Шампиони.

Но без оглед на тоа дали „кралскиот клуб" ќе ја одбрани титулата во ЛШ односно ќе ја освојат по трет пат по ред, во најголемиот клуб на светот следува една добра реконструкција.

Шпанските медиуми пишуваат дека само се чека крајот на сезоната за потврда на веќе договорениот трансфер на Хари Кејн од Тотенхем, за отштета од 200.милиони евра.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, му потврди на тренерот Зинедин Зидан дека за обнова на тимот ќе добие 300. милиони евра, и дека добар дел од нив ќе биде тоа што клубот ќе го добие со продажбата на Герет Бејл и на Карим Бензема.
Овој бонус и на онака раскошниот летен буџет на Реал, ќе му биде потребен на Зидан (или некој друг, засега тоа прашање е отворено), за да донесе уште две големи желби: Еден Азар и Мауро Икарди.
Јасно е дека Реал сака радикално да го промени нападот, со отпис на играчи за кои се смета дека се „потрошени" и со менување на истите со најдобрите и најатрактивните фудбалери на пазарот.

Најново во Меѓународен Фудбал