Посебни подготовки за финалето во Абу Даби

КОЈ СИ ЗНАЕ, СИ ЗНАЕ: „Галактикосите" како вистински „жонглери" и со тениско топче (ВИДЕО)

Кој друг ако не некој Бразилец како Марсело, плус двајца европјани...

објавено: 16 декември 2017 - 16:40

Вечерва од 18.часот, Реал Мадрид игра уште едно финале, она на Светското клупско првенство, во кое за противник го има првакот на Јужна Америка, бразилскиот Гремио.

А шпанскиот великан јасно е, е подготвен за она штпо следува на теренот во Абу Даби.
Доказ плус за тоа е и последниот тренинг на „кралевите", на кој дел од екипта почна и со некој циркузантски акробации.
Поточно едно вистинско жонглирање со топка со многу помали димензии, каква што на пример е онаа тениската.
„Трилингот" предводен од Бразилецот Марсело, во кој влегоа и двајцата хрватски интернационалци, Лука Модриќ и Матео Ковачиќ, покажаа дека добро се снаоѓаат и со тениските топчиња, за што сведоци беа и нивнит еследбници на социјалните мрежи.
И Марсело и Модриќ и Ковачиќ беа во почетната постава на Зинедин Зидан во полуфиналето против Ал Џезеира (победа од 2:1), и се очекува истата формација Французинот да ја остави и во финалниот меч, по кој победникот може да смета на сума од 4.2 милиони евра.
А ако победат „кралевите", секој од нив ќе инкасира по точно 100.000 евра. 

<p> 

Најново во Меѓународен Фудбал